Во моментот препораките и на Светската здравствена организација и генерално препораките што ни се случуваат во земјата најважно нешто е што треба да почитуваат, за да се забави ширењето на корона вирус заради тоа што со брзината со кој што тој се шири на здравствените системи им е отежната или се оневозможени да возвратат, порача д-р Игор Николов, член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ одговарајќи на прашањата од граѓаните во Live chat насловен „Затоа што секој живот вреди“ во организацијата на ВМРО-ДПМНЕ.
Николов истакна дека дел од мерките кои што ги предложила Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ се прифатени од страна на власта, укажувајќи дека во моментот е многу важно да се внимава дали истите се спроведуваат.
-Ние предлагаме мерки за да се спротивставиме односно да застанеме на патот на ова што ни се случува. Мерките кои што ги предложи комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ заедно со луѓето кои што се дел од нејзе, а се базираат на информации кои што тие луѓе ги добиваат, што од секојдневната активност во рамки на дел од здравствениот систем каде функционираат каде што помагаат, што од научни списанија, што од размена на информации со колеги од странство, размена на информации со колеги од други земји кои што се соочуваат со оваа епидемија, практично ни помогна да предлагаме добри мерки кои што прилично помогнаа и беа делумно или целосно прифатени од властите. Ние апелиравме дека некои мерки мора многу порано да бидат спроведени, а исто така апелиравме дека не е само да се напишат мерки туку е многу важно да се внимава дали тие ќе бидат спроведени, вели тој.
Доктор Николов додаде дека заради заштита и превенција од ескалирање на ситуацијата со корона вирусот потребно е целосно затворање на граничните премини освен за лица кои имаат итни и неодложни патувања, воведување на специјален режим за работа на маркети и продавници, како и најважна мерка воведување на бесплатни маски и дезинфекциски средства за граѓаните.
-Ние вчера конкретно побаравме да се затворат целосно сите гранични премини за луѓе освен оние кои имаат итни и неодложни патувања, а за движење на стока да се преземат специјални мерки. И бараме да се воведе специјален режим за работа на маркетите и продавниците и на помали дуќани, да се воведе или шалтерски систем кога со задржување на правилото од метар и метро ипол растојание од клиентите околу вас. Секако многу е важно да се воведат бесплатни дезинфекциски средства, бесплатни маски, бидејќи сега главното што ни се случува е гужвата во маркетите, нагласи Николов.
Николов апелира до граѓаните да ги почитуваат препораките да останат дома како и да го почитуваат правилото држење на растојание од метро до метро и пол во комуникација, бидејќи како што рече тој имаме работа со вирус кој што ќе го смени начинот на живот што сме го имале досега.
-Секој да гледа да се држи метро и метро ипол каде и да оди, со кого и да комуницира. Имаме работа со вирус кој ќе го смени начинот на живот што сме го имале досега, кажа Николов.