Микробиологот д-р Никола Пановски во интервју за еден од нашите електронски медиуми посочи дека тешко ќе се спречи влезот на индискиот сој во земјава. Најважно е да не се полнат болниците, а ако почнат да се појавуваат случаи на овој сој на разни места низ земјава треба веднаш да се преземат мерки, прво локални, а потоа глобални, посочува Пановски.
Тој предупредува дека во следните месеци мора да имаме масовна вакцинација за наесен да не се доведеме повторно во ситуација која би го блокирала здравствениот систем. Многу важно е тоа што голем број од македонското население го прележа вирусот, па тоа значи дека и индискиот сој кај нас нема да се шири многу брзо. Без 15.000 нововакцинрани дневно ништо не правиме – вели Пановски во своето интервју.
Вирусот е респираторен, активен во постудените месеци кога се собираат луѓето внатре и кога почнуваат со работа училиштата. Затоа е можно наесен тој да се засили, објаснува Пановски.