Ноќта помеѓу 30 и 31 март ги поместуваме стрелките за еден час нанапред и преминуваме на летно сметање на времето.

Зошто една навидум мала промена влијае на нашето здравје и дали следните неколку дена ќе ни бидат доволни да се подготвиме?

За ова зборувала д-р Бисерка Обрадовиќ за телевизија „Пинк“, која потсетила дека летното сметање на времето е воведено на 27 март 1983 година.

– Сега ќе спиеме еден час пократко, нашиот организам има свој биоритам што го почитува. Недостигот од тој еден час, пред сѐ, ќе влијае на метеоропатите и хроничните пациенти кои пијат терапија во одредено време – навела д-р Обрадовиќ за „Пинк“.

Како што истакнала докторката, оваа летна промена на времето полесно се поднесува.

– Има повеќе сонце, деновите ни се подолги и тоа влијае на нашето расположение, но и на нашето здравје. Сонцето влијае на лачењето на малтонин и сератонин, па полесно ќе ја поднесеме оваа промена – објаснила д-р Обрадовиќ.

Сепак, оваа промена може да го наруши сонот на луѓето.

– Потешко ќе заспиваме, сонот не е толку добар како што е, почесто ќе се будиме – предупредила докторката и нагласила дека на организмот му требаат неколку дена за да се прилагоди.

Добро е, напоменала таа, да се подготвиме за летното сметање на времето во однос на усогласената терапија.

– Може да се појави и лоша концентрација, промена на расположението, раздразливост – истакнала д-р Обрадовиќ.