Во време на епидемија со Ковид-19, докажано е дека носењето маски претставува најсигурна заштита од неговото пренесување и ширење. За време на летниот период особено е отежнато носењето маска бидејќи предизвикува потење и го отежнува дишењето токму поради жештината од летото.
Постојат неколку типови маски, но најбезбедни се оние кои знаеме колку време треба да ги носиме и како да ги одржуваме. Хируршките маски можеме да издржиме да ги носиме само три часа и кога ќе почнеме да се потиме поради топлиот воздух треба да се замени маската, бидејќи го губи ефектот. Покрај тоа, ќе предизвика и проблеми со кожата.
Поради тоа треба да се носат епидемиолошки маски кои изгледаат како хируршките, но можат да се носат и подолго бидејќи ја впиваат потта, но сепак се непријатни за носење за време на летните денови.
Исто така доколку се шминкате, не можете да носите никаква маска, бидеќи на неа ќе ја пренесете цела шминка, а со тоа ја зголемувате шансата за размножување на вирусот.
Доколку користиме маска која може да се пере, се препорачува да не се користи омекнувач за време на перењето бидејќи може да предизвика алергија. Потребно е добро да се исперат за да не останат никакви траги од детергентот кој исто така кај некои луѓе кои имаат чувствителна кожа предизвикува реакции на истата.