Кожата е неверојатен орган. Таа не само што ефикасно го штити телото од надворешните влијанија, како ултравиолетовото зрачење, но исто така ја овозможува и неопходната еластичност.
При секое надворешно влијание, но и одредени здравствени состојби, кожата може да се оштети, да се појават рани, стрии, како и лузни, при што за таа цел, денес ви откриваме како лесно да си подготвите домашната крема со измазнувачки ефект која кожата ќе ја направи свилена и лицето беспрекорно.
Домашна крема со измазнувачки ефект за блескава кожа.
Потребни состојки:
1)40 гр мелем од невен 2) 5 мл витамин Е 3) 5 мл витамин А
Начин на подготовка: Во чиста тегла треба да го истиснете мелемот од невен од неговото пакување и притоа, употребувајќи шприц, да ги додадете и витамините и потоа добро да ги измешате состојките, со чиста лажица.
Складирајте ја готовата крема во сад со капак и поставете ја на ладно месо, како што е на пример, вратата од ладилникот. Како и сите креми, не ја складирајте на подолго време, бидејќи не содржи конзерванс.
Важно пред употреба: Бидејќи кожата кај секој се разликува и за да ги спречите несаканите последици и алергиски реакции, пред употреба, тестирајте ја кремата така што ќе нанесете сосема мал дел од истата на исто така мал дел од кожата. Почекајте за да видите како ќе реагира вашата кожа.