Ова е совршениот рецепт за појадок или ужина, за денес или пак за посни денови – домашна паштета од туна. Децата многу ја сакаат, а е исклучително вкусен и здрав оброк.
Состојки:
2 конзерви туна (во масло)
1 чаша варен наут
1 црвен кромид
5-6 маслинки
1 китка магдонос
5 супени лажици маслиново масло
2 супени лажици сок од лимон
1 лажица таан
сол и бибер по вкус
малку вода во која се варел наутот
Подготовка:
Пред да го сварите, наутот добро измијте го и оставете го да кисне во ладна вода 8-10 часа. Потоа исплакнете го и сварете го во малку посолена вода. Во еден сад ја туната (прво добро исцедете ја), ситно сечканиот црвен кромид, сечканиот магдонос, сечканите маслинки и останатите состојки. Добро измешајте. По потреба можете да додадете малку вода во која се варел наутот.
Паштетата може да се чува 2-3 дена во фрижидер. Можете да ја јадете со интегрален леб и посипан со семки, сечкана ротквица, сечкан магдонос.