Др.Јаневска: Македонија не е спремна за борба со коронавирусот, докторите се идните извори на зараза

Вчера вечер, професор доктор Весна Јаневска, патолог, гостуваше на една од емисиите на нашите тв куќи. Таа зборуваше за состојбата во која се наоѓаат нашите здравствени работници, односно дека работат…

Вчера вечер, професор доктор Весна Јаневска, патолог, гостуваше на една од емисиите на нашите тв куќи. Таа зборуваше за состојбата во која се наоѓаат нашите здравствени работници, односно дека работат исклучиво од хуманизам и емпатија, но се потенцијални и идни извори на заразата наречена Ковид-19.

На прашањето каква е паралелата во однос на справувањето со корона вирусот во Вухан и во Македонија, таа посочи дека ова што се случува во државата е многу поразлично од она што се случуваше во Вухан.

– За жал тоа што се случува во Македонија е многу различно од она што се случуваше во Вухан. За жал, повторно ќе речам, мораме да признаеме дека ние не сме спремни за борба со коронавирусот така како што беа спремни луѓето во Вухан, одговори Др. Јаневска.

Таа со голема грижа посочи дека според моменталната состојба, македонските доктори се во групата на ранлива категорија бидејќи работат незаштитено, со добра вољја од хуманизам и емпатија, но додаде и дека тие би имале полно право да одбијат работа затоа што не се заштитени.

– Нашите доктори ќе ги ставам во групата на ранливата категорија. Работат незаштитено, работат со добра вољја од хуманизам од емпатија, иако би имале полно право да одбијат работа затоа што воопшто не се заштитен , не за да го зачуваат сопствениот живот туку за да не станат, а ми се чини дека ќе станат извор на зараза, потенцираше Др. Јаневска.

Таа дополни и дека докторите во ваква состојба каква што се наоѓаат многу веројатно е дека ќе станат следниот извор на зараза.


Related Articles