Д-р Небојша Кавариќ предупреди дека бројот на починати во Црна Гора го надминува бројот на новороденчиња на дневна основа.
Според податоците на Институтот за јавно здравје, вчера во Црна Гора како последица на коронавирусот починале 15 лица, од кои најмладиот имал 25 години.
По тој повод Кавариќ повика на „итна и драстична промена на стратегијата за борба против епидемијата“.
На својот Фејсбук профил тој објави фотографија на која се гледа дека во Црна Гора од 2-ри и 8-ми ноември починале 56 лица од коронавирус.