Владата не смее да ја игнорира опасноста која ни се заканува како последица од делта сојот на КОВИД 19. Според она што до сега им е достапно на експертите како информација, може да се утврди дека оваа мутација на вирусот е далеку повирулентна, по брзо се шири, ја зафаќа младата популација и можноста за компликации се поголеми, но од друга страна власта нема план на повидок како да го заштити населението, посочи доктор Оливер Зафировски на денешната прес-конференција на ВМРО-ДПМНЕ.
– Земјите во регионот и светот имаат строги контроли при влез на нивната територија, само во Македонија нема никаква контрола. Малото присуство на КОВИД 19 во Македонија и големината на државата даваат одлична можност да се превенира огромен бран на есен. Се што треба да направи Филипче е да воведе систем на задолжително тестирање на граничните премини и на аеродромите, како ќе се превенира КОВИД позитивни да влезат на територија на Македонија слободно. Во таа насока Филипче мора да го направи тестирањето во рамки на државата подостапно.
Крајно и најбитно е да се продолжи со вакцинација, но и со поголем опфат на населението. Вакцинацијата мора да биде масовна и да се искористи летниот период за создавање на што поголем колективен имунитет кај населението, што би довеле до тоа спремни да го дочекаме новиот бран на делта сојот на есен. Потребно е власта да каже и како планира да обезбеди нови вакцини, но и до каде се најавените купени 800.000 Фајзерови вакцини и 200.000 вакцини Спутник, кои како што известуваа ги нарачале, а еве веќе 4 месеци ни трага ни глас од нив. Време е за одговорен пристап. Време е за Македонија за сите луѓе! Време е за подобра иднина.