Интернационално познатиот имунолог и геронтолот од Медицинскиот универзитет од Аризона, Д-р Јанко Николиќ Жугиќ, предупредува дека невакцинираните играат „руски рулет“ со корона вирусот. Според него оние кои се невакцинирани се комплетно изложени на малигна форма на вирусот. Тој вели дека постојат два вида на популација во време на оваа пандемија, вакцинирани и невакцинирани.
Голем дел од популацијата може да остане со трајни последици од овој вирус, посочува Жугиќ, а вакцините на Фајзер и Модерна се покажале како многу ефикасни кај старите лица, додава тој.
Во својата изјава Жугиќ посочува и дека последиците од долгиот ковид може да бидат страшни.
– Гледав колеги како не можеа да функционираат, 18 месеци не можеа да излезат од дома без боца кислород, не можеа јасно да зборуваат, вели докторот.