Во оние делови од светот каде луѓето доживуваат длабока старост, многу се консумира оваа намирница. Прилично е евтина, можете и сами да ја одгледувате, а за лековитоста и не треба да зборуваме.
Можете веднаш да сфатите – се работи за гравот!
Гравот е навистина здрав и препорачливо е да се консумира.
Без разлика на тоа која врста грав ја подготвувате, секоја од нив е многу здрава!
Во гравот се наоѓаат мноштво лековити материи, меѓу кои најмногу застапени се протеините, јаглехидраите, мастите, а изобилува и со доста витамини.
Помага при одржување на холестерол во крвта, ја подобрува работата на органите за варење и го зајакнува срцевиот мускул.
Тавче гравче со колбаси
Гравчето е традиција во секое семејство. Затоа решив да ви представам една моја едноставна комбинација на грав со колбаси.
Гравот е застапен еднаш неделно во мојот дом и тоа го подготвувам на неколку начини. На една телевизиска програма наидов и на рецепт грав со шербет се работи за турски рецепт ама за тоа треба да се има храброст да се подготви и проба. Еве го моето едноставно гравче.
Подготовка
Гравчето го киснам со мала количина на вода од навечер. Утредента го варам заедно со цела главица кромид, морков и везена свежа пиперка на тивок огин. Варењето зависи од гравот. Зрната не треба да се распаднат, но треба да бидат варени меки.
Одкако гравот ни е варен го пресипувам во земјена тава. Кромидот и морковот ги пасирам со вилушка додавам магданос и ситно сецкано лукче, мешан зачин, оригано, бибер и буковец.
Во тава го пропржувам брашното кратко сипувам зејтин мешам и додавам црвен пипер.
Запршката ја сипувам во гравот додавам малку вода доколку фали во земјената тава.
Колбасите ги ставам врз гравот и печам на 200 степени триесетина минути или додека не изврие дел од водата.
Со овој рецепт нама да ве изненадам, ама сакав да ви го представам и моето едноставно гравче тавче со колбаси!!!
Добар апетит!!!
Тавче гравче на тетовски начин
Состојки за 6 лица:
1 кг тетовски грав
500 г кромид
1 стебло праз
2-3 чешниња лук
100 мл масло или маст
2 лажици брашно
1 лажица мелена црвена пиперка
половина лажива лута мелена пиперка
1 ловоров лист
5-6 ливчиња свежо нане
1 лажица ситно исечкан магдонос
1 свеж домат
2-3 свежи пиперки, по вкус зачини, сол, бибер, сув зачин
Подготовка:
Измијте го гравот и потопете го да отстои една ноќ. Сварете го, но мора да внимавате зрната грав да остант цели. Исцедете ги од вода, но оставете малку вода со гравот. Во подлабоко тенџере сипете масло, загрејте и додадете го ситно исечканите кромид и праз и пржете на тивка температура се додека целосно не омекнат.
Во омекнатиот кромид додадете го ловоровиот лист, црвената мелена пиперка, брашното, солта, биберот, сувиот зачин и се добро измешајте со испржениот кромид и праз, и на крај додадете го ситчно исечканиот лук и сварениот грав со водата и се добро измешајте. Пробајте дали е потребно уште сол. Сипете го приготвениот грав во глинен сад. Посипете го ситно исечканото нане и магдонос.
Преку ставете домат исечкен на кругчиња, пиперките исечете ги на половина и исчистете ги од семки.
Печката во претходна загреана рерна на 185 Целзуисови степени околу 30 до 45 минути. Кога ќе се создаде кожичка на горниот слој и полека крчка, гравчето е готово.