Две деца од ОУ„Лазо Трповски“ во прво одделение се позитивни на Ковид-19

Во текот на вчерашниот ден во Основното Училите „Лазо Трповски“ во Скопје беше потврдено дека две деца од прво одделение се позитивни на Ковид-19. Поради нив во изолација се ставени…

Во текот на вчерашниот ден во Основното Училите „Лазо Трповски“ во Скопје беше потврдено дека две деца од прво одделение се позитивни на Ковид-19. Поради нив во изолација се ставени две одделенија и три наставнички кои предавале во одделенијата.

За медиумите даде изјава мајката на првоодделенецот кој се наоѓа во самоизолација и посочи дека се плаши за здравјето на нејзиното дете, а воедно упати и апел да се размисли за можноста сите деца да следат он-лајн настава.

– Вчера околу 11 часот ни беше кажано дека во одделението на син ми има дете позитивно на ковид-19. Сега сите сме во самоизолација заедно со едната наставничка, додека другата бидејќи немала директен контакт со детето, не е во изолација, вели мајката.


Related Articles