Одговорниот инфектолог од ГОБ „8 Септември“ даде отказ, а истото се случи и со докторка од Инфективната Клиника

Министерот за здравство Венко Филипче на прес конференција соопшти дека една докторка – инфектолог дала отказ од Клиниката за инфективни болести и планира да замине да работи во приватна болница,…

Министерот за здравство Венко Филипче на прес конференција соопшти дека една докторка – инфектолог дала отказ од Клиниката за инфективни болести и планира да замине да работи во приватна болница, а исто така и докторката која го раководеше Инфективното одделение во Градската болница „8 Септември“ најавила дека ќе замине во приватна болница.

-Не знам дали е формализирано сето тоа, јас разговарав со неа, но таа е решена за тоа. Таму има други двајца инфектолози. Размислуваме и веќе разговаравме за начинот на којшто ќе се засили тоа одделение. Засега, заедно со интернистите, имајќи го овој број на пациенти кои се хоспитализирани и нашиот план да не се зголемува тој број, овие доктори се сосема доволно, рече Филипче.

За медицинските сестри од Инфективната клиника рече дека тие на иницијалниот состанок, иако тврделе дека нема да заминат во приватна институција, тоа го направиле.

-Искомунициравме уште еднаш за потоа да кажат дека планираат да ја напуштат клиниката и согласно тоа, Инфективната клиника одлучила да ја преземат нивната функција, рече Филипче.

На прашањето зошто си заминува кадарот од државните клиники, министерот одговори дека тоа е тешко да се каже. Дел рекле се преморени, а дел имале други причини, но според Филипче, сепак, тешко е да се каже зошто даваат откази.

Доколку се зголеми бројот на заболени од Ковид-19, министерот за здравство Филипче на денешната прес-конференција рече дека доаѓа во предвид затворање на училиштата и градинките или во некои општини и региони согласно епидемиолошката слика, или ако се случи да имаме сериозен притисок и во целата држава.

-Засега нема сериозен проблем во градинките, во училиштата има спорадични случаи. Нема внатрешна трансмисија. Обично од надвор дојде вирусот, но и тие прекратко работат за да може да носиме одлука, рече Филипче.


Related Articles