Денес во електронските македонски медиуми се пренесе неофицијална информација за пацинетката за која Институтот за јавно здравје извести дека е единствена кој трипати се заразила со коронавирусот и трипати оздравела. Станува збор за педесет и две годишна тетовчанка која првиот позитивен тест го имала во јули лани.

Според неофициланите информации таа во декември месец повторно се заразила, но и тогаш како и првиот пат немала потреба од хоспитализација. И покрај тоа што била вакцинирана со вакцината „Синофарм“, жената во јули годинава се заразила и по третпат, пренесуваат порталите. Пациентката, која е единствена во земјава која трипати била заразена со опасниот вирус, имала хронична бубрежна болест и висок притисок.

Во последниот извештај на Институтот за јавно здравје се наведува дека заклучно со 19 септември, за време на целата епидемија во Македонија, регистрирани се вкупно 522 пациенти кои се заразиле двапати. Од пријавените случаи на реинфекција, петмина пациенти починале.