Според наводите објавени во списанието „Journal of Diabetes and Its Complications“, една од можните последици на ковид-19 е нарушување на нивоата на шеќер во крвта, особено кај пациентите кои имале потешка клиничка слика на болеста. Но, кај многумина ваквата состојба се покажала како привремена.
Станува збор за состојба која е со времетраење од една година, односно кај речиси сите испитаници после една година од заразувањето, нивоата на шеќер во крвта се вратиле во граници на нормалата.
Со тоа, може да се донесе заклучок дека ковид-19 може да го намали инсулинот во телото, но тоа не е трајно нарушување. Сепак, мора да се третира таа состојба, за да се нормализира работата на панкреасот што побрзо.