Еден од начините за хидратација на кожата е преку здрава исхрана и состојки кои придонесуваат за нејзина свежина и убав изглед. Често, кога во самото тело постојат различни вируси и воспаленија, така и самата кожа изгледа недоволно здраво и уморно и излегуваат акни.
Постои една состојка која може да ви помогне да го подобрите сето тоа, а се наоѓа во една од најевтините состојки. Станува збор за омега 3 масните киселини кои можете да ги најдете во лененото семе.
Лененото семе се користи во многу видови исхрана кои се насочени кон победа на воспалителните процеси. Тоа е добро не само за кожата, туку и за оние кои страдаат од артритис. Само една лажичка ленено семе содржи 6.3 грама од алфа линоленската киселина.
Освен тоа, лененото семе има моќ да придонесе кон намалување на ризиците за одредени видови рак, особено рак на градите и простата. Освен тоа, природните влакна кои ги содржи тоа придонесуваат за регулирање на крвниот притисок и нивоата на холестерол во крвта, а успешно ја отстрануваат и бактеријата во дигестивниот систем која придонесува за лошо варење и бавен метаболизам.