Вирологот Џон Вилијамс, шеф на одделението за педијатрија и инфектолошки болести на Универзитетот во Питсбург открил како правилно да ги миете рацете и зошто е тоа важно. Тој изјавил дека постојат 4 коронавируси кои циркулираат во човечкото тело регуларно, секоја година.
„Главно се причина за настинка, всушност три вида се вообичаени во случај на настинка кои не се смртоносни за луѓето“, рекол Џон Вилијамс. Под микроскоп коронавирусот има бодликави креви како круни. Под бодликавиот дел на површината се наошаат липиди, односно мастите.
„Обидете се да исчистите путер од сад само со вода, но тој нема да се извади. Потребна ви е сапуница да ја разгради маста. Сапунот и алкохолот се многу ефективни во разградување на мастите кои го облоѓуват вирусот. На тој начин вирусот станува неактивен така што не може да се врзе со ќелиите на организмот на човекот“ објаснил Вилијамс.
При миењето раце важно е да се тријат затоа што на тој наин се прави повеќе сапуница и после 20 секунди им оневозможува на бактериите и вирусите да се лепат за површините. Вирологот вели дека миењето раце со студена вода не е проблем, но дека поефикасна е топлата. Дезинфекциските средства на база на алкохол се ефективни само ако се употребуваат правилно. Таквите средства треба да содржат најмалку 60 отсто алкохол во себе, затоа што тој го убива вирусот.
„Важно е да земете доволно дезинфекциско средство за да биде покриена целата шака, задолжително да го протриете препаратот меѓу прстите. Хемиски, алкохолот ја разбива мембраната на бактериите и вирусите. Алкохолот е одличен за уништување бактерии, но не може да ги измие работите. Ако некој кивнал во шака, ќе мора да земе многу повеќе средство за бактериите и вирусите да не бидат активни. Кога се рацете во прашање подобар избор за сапунот и топлата вода“, заклучил вирологот.