Со доаѓањето на есента кај многу пациенти се изразени симптомите на гастристисот. Поголемиот број на желудочни тегоби можат да се ублажат, но пред се, треба да се внимава на исхраната.

Луѓето кои имаат чир на желудникот, во овој период од годината, почесто се јавуваат кај лекари, жалејќи се на болки, печење и мачнина во желудникот, отекување и губиток на апетитот.

Лекарите советуваат што да преземете за ублажување и спречување на дигестивните тегоби настанати поради воспалението и оштетувањето на слузокожата на желудникот.

Внимавајте на исхраната, односно почесто треба да јадете помали оброци и да избегнувате зачинета, мрсна и кисела храна.

Јадењата не смеат да бидат премногу врели или студени, а треба да се приготвуваат со малку масти, без запршка. Не се препорачуваат големи количини млеко, а пикантните зачини, многу сол, лутата пиперка – најдобро e да се избегнуваат. Чоколадата и производите кои содржат ментол (бомбоните, гумите за џвакање), исто така, го иритираат желудникот. Освен тоа, треба да се избегнува земањето големи дози витамин Ц.

На слузокожата на желудникот поволно дејствуваат бананите, маслиновото масло, медот, немасните сирења, киселото млеко, јаболката, компотите, сувото овошје, бисквитите, пудингот, благите чаеви, минералната вода.

Во текот на оброкот е дозволено пиење течности во мали количини, По обилниот оброк се препорачува едночасовен одмор.

Треба да ги избегнувате пијалаците кои се најголеми производители на киселината: млекото, пивото, алкохолните пијалаци, кафето (на празен желудник), газираните сокови.

Избегнувајте ги антивоспалителните антиревматици, а против болки користете парацетамол.

Ослободете се од стресот, поминувајте повеќе време во природа, практикувајте спорт подобро организирајте го времето, бидејќи тоа го намалува стресот.