Рчењето е непријатна појава која освен што ги вознемирува оние кои спијат покрај нас, и штети и на самата личност која ‘рчи. Стручњакот за сон, Кетрин Хол открива неколку едноставни, но делотворни трикови кои ќе помогнат да се престане со таа лоша ноќна навика.
Првиот совет гласи: гласно повторување на самогласките – неколкупати на ден, по неколку минути. Повторувањето на А-Е-И-О-У може да ви помогне да престанете да ‘рчите бидејќи ги зајакнува мускулите во грлото и ги спречува вибрациите при спиењето што предизвикуваат ‘рчење – појаснува Хол.
Туширајте се со топла вода пред спиење: ‘Рчењето често е предизвикано од алергени кои ги иритираат носните шуплини и доведуваат до нивно стеснување, а пареата од топлата вода може да ја навлажни внатрешноста на носот и човекот подобро да дише ноќе и да го намали ‘рчењето.
Не јадете доцна навечер: Одењето в кревет со полн стомак создава дополнителен притисок врз градите и белите дробови, па и тоа може да предизвика ‘рчење. Затоа, Хол советува да се јаде порано, најмалку четири часа пред легнување, поради што храната веќе ќе е сварена и ќе го намали ‘рчењето.
Миленичињата вон спалната соба: Ако уживате во гушкањето со домашното милениче в кревет, понекогаш постои поврзаност меѓу неговото крзно и алергиите кои често нè погодуваат и можат да ги влошат дишните проблеми кај човекот. Хол смета дека сопствениците на домашни миленици треба да ги држат своите „пријателчиња “ вон спалната соба, особено ноќе.
Вежби за уста: Тие помагаат во зајакнувањето на мускулите во устата коишто го контролираат ‘рчењето. Најсоодветната вежба е лизгање на врвот на јазикот назад кон непцето, кон грлото или само притискање на јазикот на непцето.