Европскиот центар за контрола и превенција на болести (ЕЦДЦ) објави нова корона-карта на Европа, која ја ажурира секој четврток. На неа, ситуацијата е многу лоша и официјално нема повеќе земја во зелена зона. Повеќето земји се во темноцрвена и црвена зона, а неколку во портокалова зона.
Боите за поединечни подрачја се одредуваат со комбинација на потврдени случаи на инфекција во изминатите 14 дена на 100.000 жители и процентот на тестираната популација, а врз основа на оваа карта, секоја земја може да ги заостри условите за влез.