Секоја година кога ќе почнат горештините лекарите апелираат да се внимава и да се грижиме за здравјето. Особено треба да внимаваат постарите лица, хронично болни и трудниците.
Потребно е да седиме во затворена просторија во која има температура која ни одговара.
Потребно е да се пие многу вода. Топлото време предизвикува дехидратација на телото, па немојте да чекате многу да ожедните, туку секогаш имајте вода со себе каде и да сте.
Разладете се со туширање на топлото време, со млака вода. Не јадете многу масна, зачинета и тешка храна.
Јадете многу овошје и зеленчук, салати, лесна и непреработена храна, пијте природни сокови, вода, цедевита, смути пијалоци.