Еве зошто вакцината на Астра Зенека предизвикува згрутчувања на крвта

Аденовирусот кој се користи во вакцината АстраЗенека знае да го привлече тромбоцитниот фактор 4 што потоа предизвикува згрутчување на крвта, најчесто во мозокот и во црниот дроб, јавува Би-Би-Си. Дури…

Аденовирусот кој се користи во вакцината АстраЗенека знае да го привлече тромбоцитниот фактор 4 што потоа предизвикува згрутчување на крвта, најчесто во мозокот и во црниот дроб, јавува Би-Би-Си. Дури 73 луѓе починале од компликации поврзани со вакцината од вкупните 50 милиони дози дадени во Велика Британија, а откако ова се расчу, многу земји, вклучително и Македонија вакцината ја даваа само на лицата постари од 60 години.

Тимови научници од Кардиф во САД во ново истражување пробаа да го опишат целиот процес на тоа како доаѓа до овие ретки случаи. Тие мислат дека тоа е верижна реакција која може да кулминира со ретки, но опасни згрутчувања. Истражувањето уште трае. Портпаролката на АстраЗенека нагласи дека згрутчувањето е поверојатно поради инфекција со ковид-19 отколку поради вакцините и дека сè уште не е утврдено целосното објаснување зошто се појавуваат.

Студијата објавена во списанието Science Advances покажа дека површината на аденовирусот го привлекува тромбоцитниот фактор 4 кон себе како магнет.

– Аденовирусот има екстремно негативна површина, а факторот на тромбоцити 4 е исклучително позитивен и двете работи прилично добро се вклопуваат заедно – вели Алан Паркер, еден од научниците од Универзитетот во Кардиф, за Би-Би-Си Њуз.

Тој додаде дека успеале да најдат врска, но и дека тоа што досега го знаат е само причината, малиот тригер што го отпочнува згрутчувањето и дека има многу работи што мора да се случат во меѓувреме. Потребни се дополнителни истражувања. Докторот Вил Лестер, хематолог од Бирмингем, пак го пофали истражувањето.

– Многу прашања сè уште остануваат неодговорени, вклучително и дали некои луѓе се почувствителни од другите и зошто тромбозата е најчеста во вените на мозокот и црниот дроб, но одговорите може да дојдат со време и дополнително истражување – рече Лестер.


Related Articles