По низа донации со кои се фали Филипче од самото негово министерување се појавија во текот на неделата уште неколку.
Вчера во Универзитетската Клиника за Детски болести доби пратка со потрошни материјали од круцијално значење (умбилични катетри, пиклајни, торакални катетри и слично), специјален транспортен монитор за пациенти кој е компатибилен заMRI, но и централна станица за мониторинг на пациенти со вкупна вредност од околу 70,000 евра.
Денес два прочистувачи на воздух за детското и гинеколошкото одделение во тетовската Клиничка болница беа поставени денеска како донација од компанијатата „Дајкин“, во соработка со невладината организација „Мајка и дете“ од Тетово.
Наместо Филипче да започне со инвестиции во здравствениот систем тој продолжува да ги манипулира луѓето дека се залага за болниците низ државата со донации од различни фирми.