Наместо да стивнува, како во другите држави, коронавирусот во Македонија зема најголем замав и се движи кон најцрниот биланс.
Министерот за здравство Венко Филипче убедува дека состојбата се враќа во нормала, екс-премиерот Зоран Заев вели дека случаите се без симптоми и дека се смирува ситуацијата. Ова го прават за да го смират народот кој со право е преплашен.
Но, нивните најави и обидот да кажат дека добро се справиле со коронавирусот се само манипулативни обиди.
Македонија секој ден се соочува со покатастрофална бројка. Огромен број на заразени, голем број на жртви!
Вкупната бројка на Ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 2492, а бројот на починати е 145.
Статистиката од последниве 24 часа е загрижувачка:
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 974 тестирања, а регистрирани се 101 нови случаи на ковид-19 и тоа во: Скопје-59, Куманово-12, Штип-7, Прилеп-1, Тетово-5, Струга-6, Велес-1, Охрид-1, Кавадарци-1, Гостивар-3, Кочани-3, Пробиштип-2.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 10 оздравени пациенти и 4 починати. Оздравените се од: Тетово-8 и Велес-2.
На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина 84 годишен пациент од Прилеп, хоспитализирана на 17 мај. Во ГОБ „8 септември“ починаа, пациент од Тетово (75г) примен на 24 мај, пациент од Куманово (71г) примен на 26 мај и пациент од Скопје (58г) примен на 30 мај.
Иако првичните прогнози беа дека бројот на заразени ќе достигне најмногу 2000 лица, секојдневно таа бројка вртоглаво расте! Сите најави и обиди да се претстави состојбата дека е под контрола доживеаја фијаско.
Фијаско на Филипче и Заев кое на грб го носат македонските граѓани.