Без оглед на зголемениот број на заразени од коронавирусот, поголемиот дел од нив патат од благи симптоми и потоа набрзо закрепнуваат.

Кинеските експерти предупредиле дека откриле нови симптоми на Ковид-19, вклучувајќи и дијареа, губење апетит и мачнини.

Во три болници биле тестирани 204 заразени, а резултатите биле објавени во американско списание за гастроентерологија.

Ескпертите изјавиле дека 48.5 отсто од случаите пателе од проблеми со дигестивниот систем како и од респираторни проблеми.

Во некои од случаите имало само дијареа и немало забележување за покачена телесна температура.

Во случаите кои што имале проблем со дигестивниот систем, процесот од првиот симптом до хоспитализација бил подолг од 1.5 дена, вкупно 9, отколку кај случаите без проблеми со дигестивен систем.

Истражувањето исто така покажало и случаи кои што имале респираторни проблеми и дека истите закрепнуваат побрзо за разлика од останатите заразени.