Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Драган Данев, денеска на седницата за пратенички прашања се обрати до премиерот Заев дека многу гласови ги добиле поради ветувањата за чист воздух, дека се шетале со маски по улиците, а дека од тоа сега нема ништо.

„Многу гласови добивте поради ветувањата за чист воздух. Се шетавте со маски, но сега гледаме дека од тоа нема ништо. Да бидеме реални со граѓаните“, рече Данев.

Заев возврати дека во моментов Владата со мерки се бори против загадувањето. Но, дали тие мерки се продуктивни или не?