Граѓаните во последната анкета направена на социјалните мрежи, како и преку лични средби со пациенти посочија дека сеуште ни е активен статусот на држава со епидемија од морбили. Покрај податокот дека се вакцинирани повеќе од 30.000 илјади граѓани, покрај податокот дека се намалува бројката на заразени на неделно ниво, дури последниве две недели немаме ниту извештај од ИЈЗ дали има ново заразени лица, но статусот на епидемија на морбили е сеуште активен на државно ниво. А со него и сите забрани, контроли, ново донесени закони и анархија која ја практикува министерот Филипче врз родителите, граѓаните, пациентите.
ЌЕ има ли крај на оваа голгота која ја прави Филипче врз обичните граѓани? Кога ќе го добиеме статутот назад, на држава во која работите се под контрола? Дали Филипче знае како да ги врати и да ги држи работите под контрола кога станува збор за заразна болест како морбилите? Дали ова го гледа власта и дали ја согледува неспособноста на министерот Филипче за водење на ова министерство?
Граѓаните чекаат разрешница, до тогаш следуваат и преку социјалните мрежи тие упатуваат прашања до министерот, дали ќе добијат одговор зависи од тоа колку ги слушнал министерот и колкав слух имаат за вакви работи оваа власт и нејзините пулени!!!