Медицински сестри и останат средно медицински кадар недостига речиси во сите Јавни здравствени установи. За да не си одат од јавното здравство медицинските сестри на меѓународната недела на сестринството побараа подобри услови за работа и поголеми плати.
-Паѓа бројот на медицински сестри во сите ЈЗУ од различни причини, од пензионирање, од заминување надвор од преквалификации, изјави Велка Луќиќ, претседател на Здружението на медицински сестри, техничари и акушерки.
– Трудот на сестрите инструментарки не е валоризиран, изјави Аница Миленковска, мед.сестра инструментарка на Клиниката за трауматологија.
-Платите ни се мали, треба повеќе да се цени трудот, изјави Лејла Асани, главна мед.сестра во Здравствен дом Скопје.
-Се надеваме дека условите ќе се подобрат, изјави Тања Трајковска, одделенска сестра на Клиниката за гинекологија.
Министерот за здравство вели дека е свесен за проблемот со недостигот на средно медицински кадар.
-Ќе вработиме медицински сестри онаму каде што најмногу треба за да не дозволиме да се затвораат одделенија, изјави д-р Венко Филипче, министер за здарвство.
Во Македонија работат околу 7000, а пред 10 години имало 9000 медицински сестри.