24 годишно момче почина во Кисела Вода. По 19 часот момчето додека играло фудбал се пожалило дека му се слошило додека трчало по игралиштето.

Момчето паднало и починало на игралиштето. Итната помош само ја констатирала смрт.

На местото на несреќата бил и јавен обвинител, по барање на семејството телото на починатото момче било дадено без направена обдукција.

Во ваков случај не се знае точната причина за смртта. Докторите објаснуваат дека многу често граѓаните кои и рекреативно спротуваат треба да направат контролни прегледи.

Многу често поради одредена слабост на срцето може да се случи и откажување на срцето и кај млади луѓе.

Телевизиите правеа сторија колку често рекреативците може да имаат сериозно нарушување на здравјето без соодветни прегледи.

За Караѓозова важно е секој што се занимава со спорт од 6 годишна возраст да има прегледи.