Министерството за здравство има предвидено и почна да спроведува мерки за превенција на малигни заболувања на годишно ниво, со поддршка на Центарот за истражување во рамки на ЕК. На крајот на летото се очекува експертска мисија, а веќе се почнати и подготовките за воведување регистар за малигни заболувања, за населението и во болнички услови.

Ова денеска го изјави министерот за здравство Венко Филипче, според кој, експертите од Виена кои ќе дојдат во земјата, ќе прават увид како се поставува дијагностиката на онколошките заболувања, каков е третманот како и постоперативното опоравување.