Оваа листа сериозни промени не претрпела во последниве десетина години. Со законските измени престанува да важи системот за нејзина ревизија што го воспостави поранешниот министер за здравство Никола Тодоров, а кој превидуваше 17 комисии да решаваат за тоа кој лек ќе биде ставен на листата, за што актуелниот министер Венко Филипче уште од доаѓање на функцијата рече дека е комплицирано и неефикасено.
Долго очекуваните законски измени на Законот за здравствено осигурување добија зелено светло на последната собраниска седница во декември, непосредно пред новогодишните празници со што со создадоа услови за конечно да почне ревизија на т.н. позитивна листа на лекови, со што од оваа листа ќе се тргне зстарената терапија, а на нејзино место ќе се стават современи лекови кои за осигурениците ќе ги купува Фондот за здравствено осигурување.
Оваа листа сериозни промени не претрпела во последниве десетина години. Со законските измени престанува да важи системот за нејзина ревизија што го воспостави поранешниот министер за здравство Никола Тодоров, а кој превидуваше 17 комисии да решаваат за тоа кој лек ќе биде ставен на листата, за што актуелниот министер Венко Филипче уште од доаѓање на функцијата рече дека е комплицирано и неефикасено. Со измените на Законот практично се отстранува единствената пречка, која како проблем ја посочуваше Филипче, кога му се поставуваше прашањето зошто на позитивната листа не се ставаат нови лекови.
Со законските измени, начинот и методологијата за утврдување и донесување на Листата на лекови кои паѓаат на товар на Фондот се утврдуваат со подзаконски акт кој го донесува министерот за здравство, а по претходно добиено мислење од Фондот. Законот превидува дека министерот за здравство формира стручна комисија која го утврдува предлогот на листата. Стручната комисија е составена од девет членови, двајца претставници од Министерството за здравство, двајца претставници од Фондот, тројца доктори-специјалисти од различни области со најмалку десет години работно искуство, еден клинички фармаколог кој има најмалку десет години работно искуство и еден фармацевт кој има најмалку десет години работно искуство во струката.
Со Законот се предвидува при формирање на Комисијата да се применува начелото на соодветна и правична застапеност на припадниците на заедниците.
Членовите на стручната комисија одлучуваат по претходно добиено мислење формирано со мнозинство гласови од стручниот колегиум на соодветната универзитетска клиника. Средствата за работа на стручната комисија ги обезбедува Министерството за здравство, а надоместокот за работа на секој член на стручната комисија се исплаќа во висина од 50 отсто од минималната нето плата.
На прашањето кои ќе бидат членови на оваа комисија и кога се очекува таа да поче да работи, од Фондот за здравствено осигурување за одговор упатуваат во Министерството за здравство. Оттаму пак молк, не кажуваат ниту кога комисијата ќе биде формира, ниту пак кога ќе почне да работи. Откако законот е донесен, Министерството за здравство не испрати ниту една информација до јавноста за да информира за оваа значајна новина.
Во изминатиот период, иако листата не беше проширена, се купуваа современи лекови кои не се на неа, за децата со ретки болести, како и за пациентите со малигни заболувања. Овие набавки ги правеше Министрството за здравство, при што имаше забелешки дека кога не постои систем за тоа како ќе се одбираат современите лекови кои ќе ги плаќа државата, има услови за субјективно одлучување при избор на терапијата. Дополнително со вакви набавки може да се случи при промена на политиките на актуелнита власт или некоја друга да се променат и приоритетите, па некои лекови да престанат да се купуваат. Како проблем кој и досега се јавуваше е и тоа што на современата терапија може да не се стават нови пациенти, со објаснување дека буџетот за тој лек е фиксен.
Со новите измени на Законот за здравстено осигурување, се уредуваат и поволности за децата со пречки во развојот. Како што објаснуваат од ФЗО, оваа категорија на пациенти ќе бидат ослободени од плаќање на партиципација без разлика дали основот на осигурување им е преку Министерството за труд и социјална политика или пак имаат некој друг основ на осигурување. Така на пример, со новите измени, дете со пречки во развојот и со специфични потреби ќе биде ослободено од плаќање на партиципација за здравствени услуги и лекови дури и ако родителот преку кој е осигурано е вработен. Со претходно важечкиот член 34 од Законот, ослободени беа само децата кои се осигурани преку Министерството за труд и социјална политика.