Министерството за здравство денеска распиша тендер за набавка на респираторни маски кои обезбедуваат заштита од загадување на ПМ честици. Министерот Венко Филипче уште во декември најави дека ќе се обезбедат маски за ранливите категории на граѓани, со цел да се заштитат од загадениот воздух, но не е јасно зошто се чекаше три месеци за да се распише тендерот.

Вредноста на набавката е 3.200.000 денари или 52.000 евра.

Тој што ќе биде избран за најповолен добавувач ќе треба маските да ги испорача во рок од еден месец, сукцесивно. Понудите да се достават најдоцна до 25.03.2019, кога и ќе се одржи јавното отворање на понудите. Според роковите испораката веројатно нема да може да почне пред 15 април.

Речено неисполнето, тоа е нашиот министер Филипче – коментираа пациентите со респираторни проблеми