Вчера во централниот дневник на МРТ1 гостуваше министерот за здравство, Венко Филипче кој говореше за проблемите со кои се соочуваат граѓаните секојдневно и како министерството помага во тој дел. Но во еден момент министерот посочи дека заболени од грип има негде околу 1.300 заболени, за негде 35-6% бројот на заболени од грип е помал во однос на минатата година. Капацитетите на инфективната клиника понатаму на педијатриската клиника и на институтот за белодробни заболувања во „Козле“ се спремни да ги хоспитализираат пациентите доколку е тоа потребно и имаме доволна количина на лекови за грип.
Министерот за здравство може само да се пофали од време на негово владеење, но да не заборавиме дека грипот откако тој е министер коси. Додека пак во 2014 година вкупно заболени од грип во период од јануари – мај изнесува 1.500, 2013 година 1.000 заболени.
Во екот на грипот сега за сега има починато двајца. Со што втората жртва грипот ја зеде на 7-ми февруари, Станува збор за 25-годишна девојка од Охрид. Додека во вторникот вечерта пак почина петгодишно девојче. Девојчето починало на Клиниката за детски болести каде било донесено по тридневно лекување на Институтот за белодробни заболувања во Козле, како последица на влошување на состојбата при инфицираност од пандемски грип Х3Н1, соопштија од Клиниката.
Во делот кај што Филипче уверува дека има доволна количина на лекови не е точно, бидејќи по осум дена од почетокот на месецот веќе нема лекови. Граѓаните се лути и по социјалните мрежи повикуваат на одговор зошто квотата толку бргу се исполни, некои од пациентите не можат да си дозволат своите лекарства да си ги земат приватно бидејќи чинат поголема сума на пари. Министерството за здравство и ФЗОМ засега не даваат одговори и молчат.
И исто така граѓаните и вработените од клиниките тврдат дека нема доволно количина на „тамифлу“. Пациенти болни од грип се жалат дека не добиле терапија со „тамифлу“, која се дава во првите 48 часа од инфекцијата со вирусот, бидејќи лекот го нема. Тие велат дека лекарите им кажале дека „тамифлу“ не само што нема во болниците, туку дека тешко се наоѓа и во аптеките.
Со овие примери само се покажува дека Венко Филипче во изјавите ги прикрива недостатоците на министерството здравство и очигледно сака да сокрие дека е неспособен за да се избори со пречките кои ги носи самиот здравствен систем.