Министерот Филипче денеска беше во посета на ЈЗУ Универзитетска клиника за трауматологија каде посочи дека се очекува во следниве два месеци да имаме мирна епидемиолошка слика. Но секогаш можни се некакви мутации на коронавирусот, па затоа е потребна вакцинацијата и почитувањето на мерките, додаде тој.
-Никој во светот во ниедна земја не може да даде точно предвидување. Може да се случи да има некаква мутација на вирусот да биде поконтагиозна од сите соеви и тоа да ја смени епидемиолошката слика. Во некои земји тоа се случува. Вакцинацијата помага да нема тешки форми на болеста или смртни случаи. Имајќи го тоа на ум и гледајќи како се одвива ситуацијата во нашиот регион и другите земји, нашата проценка е дека следниот период од два месеца ќе имаме мирна епидемиолошката ситуација, рече Филипче одговарајќи на новинарско прашање по посетата на ЈЗУ Универзитетска клиника за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација и интензивно лекување и Ургентен центар.
Филипче посочи дека и натаму маските треба да бидат при рака, бидејќи се работи за заштита на здравјето. Тој нагласи дека и покрај подобрување на епидемиолошката ситација во земјава засега не се планира да се дозволи работа на затворените делови на угостителските објекти.