Министерот за здравство Венко Филипче веќе година дена од неговото министерување ниту еднаш не инвестира во јавното здравство. Секојдневно граѓаните го гледаат како оди и се слика по различни настани кога фирмите доделуваа донации на одредени болници и сектори. Се помалку граѓаните беа сведоци како Филипче односно неговото министерство инвестира во нешто за да се подобри здравствениот систем се со цел да се подобрат и условите за здравјето на граѓаните.
И самиот Филипче во интервју за Макфакс на прашање „Донациите се еден од најочигледно најприменуваните начини за да се добие нова опрема и нови ресурси итн. Како се чувствувате кога постојано и постојано преку донации се финансираат и болниците и лекувањето на децата?, одговори:
–Има општествено одговорни фирми и мислам дека е сосема коректно да одделуваат одреден дел од средствата за да се зајакне јавното здравство. Не би ги мешал двете работи донација на Опрема и донацијата за лекување странство. Сметам дека се комплетно две различни приказни. Во однос на донациите општествено одговорните компании тоа си го прават и со тоа ние немаме апсолутно никаков проблем, но бараме да бидат координирано и да не се поклопува некоја опрема која што ние планираме да ја купиме со таа што се донира.
Тој во таа прилика и посочи дека министерството има „еден одреден буџет за секоја следна година кој што тој одреден буџет навистина имаме огромен број на трошоци и се планираат секогаш сериозни, големи набавки кои што значи дека сериозно ќе се зајакне системот на јавно здравство“.
Сепак од народните пари кои го сочинуваат буџетот на самото министерство за здравство не се виде каде се потрошија средствата. Освен за тендерите што си ги склучуваше Филипче и договорите во четири очи.
Но, затоа благодарејќи на фирмите граѓаните имат колку толку обезбедено скромни услови за лекување во здравствените установи.
По што се памети една година на Филипче како министер за здравство?
· Во пресрет на Светскиот ден на предвремено родените деца и одбележувањето на 70 години од основањето на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство, Пиварница Скопје обезбеди донација со која целосно го опреми одделот за перипартална интензивна нега во оваа јавна здравствена установа, каде што гостуваше Филипче и Заев.
· Амбасадорката на Босна и Херцеговина во земјава, Лепа Бабиќ, преку проектот „Да создаваме заедно“донираше средства за набавка на нова постелнина за болничките кревети, бојадисани се сите 24 соби на одделението каде се наоѓаат родилките и бебињата, ноќници за родилките, облека за бебиња и 16 нови креветчиња за бебиња.
· Силк Роуд Банка се овозможи целосно обновување на постелнините на сите креветчиња на Клиниката за детски болести. Средствата за набавка на новата постелнина во износ од 212 илјади денари, се обезбедени на тој начин што за секоја трансакција со Американ Експрес картичките на Силк Роуд Банка, банката одвојува по пет денари за потребите на Клиниката.
· Невладината организација на која е директор Филипче, PHM-CEE, е со седиште во државава и како што стои на интернет страницата „фокусирана е на економските, социјалните (здравствени и судски) и потреби на владите во земјите од регионот на Централна и Источна Европа и Заедницата на Независни Држави, постои сомнеж дека тој го донирал како донација инсулинот на министерство кој бил еден месец пред истек на рокот.
· Донација од медицински апарати – вентилатори за домашна употреба наменети за специфична група на пациенти кои имаат потреба од потпомогната асистирана вентилација, која може да се изведува и во домашни услови, доби Клиниката за Детски болести – Скопје. Овие апарати се набавени од средствата собрани во текот на донаторската кампања што за време на Светското фудбалско првенство 2018 се одвиваше на сите уплатни места на Спортските обложувалници „Моцарт“.
· Во Универзитетската Клиника за Детски болести доби пратка со потрошни материјали од круцијално значење (умбилични катетри, пиклајни, торакални катетри и слично), специјален транспортен монитор за пациенти кој е компатибилен заMRI, но и централна станица за мониторинг на пациенти со вкупна вредност од околу 70,000 евра.
· Два прочистувачи на воздух за детското и гинеколошкото одделение во тетовската Клиничка болница беа поставени денеска како донација од компанијатата „Дајкин“, во соработка со невладината организација „Мајка и дете“ од Тетово.
· Специјалното возило како донација од Организацијата „Сано“ и со него се зајакнуваат капацитетите на домашната посета на Здравствениот дом во Струмица.
Освен донации од фирми кои што ја одбележаа првата година на министерување на Филипче, тука се и инвестициите, но инвестиции од самите буџети на здравствени установи.
Пред неколку дена пример за тоа беше кога Универзитетската клиника за уво, нос и грло, во Скопје, набави современа опрема за хируршки интервенции, како и нови апарати за анестезија.
Граѓаните би сакале на министерот Филипче за наредна година да има повеќе работа и да инвестира во здравствените установи со парите на граѓаните. Бидејќи буџетот на министерството за здравство е од народни пари и треба да оди за модернизирање на здравствениот систем. Граѓаните заслужуваат со нивните пари да имаат здравство кое им доликува.