Министерот за здравство Венко Филипче смирува дека болниците во кругот на Клинички центар имаат исправни агрегати и дека нема потреба тие да бидат менувани или поправени.
Ова следува по вчерашните информации дека на Гинекологија не се вклучил агрегатот туку само УПС системот кога поради дефект половина Скопје остана без електрична енергија.
Од клиниката тврдат дека во ниеден момент не останале без струја и дека не биле доведени во прашање животите на бебињата во инкубатори, ниту пак имало тековна операција. За функционалноста на уредите се грижат од Службата за општи и заеднички работи на Клиничкиот центар.