Од јануари докторите – специјалисти ќе добијат десет проценти повисока плата, а медицинските сестри пет проценти. Останатите здравствени работници како болничари, шофери, хигиеничари и слични професии зголемувањето на платата од пет проценти ќе го чекаат до септември 2019 година. Ако може да се каже дека никој до сега не успеал да го подели здравството и медицинските лица, на Филипче може да му се подаде рака, тој тоа го прави без проблем и без да се размислува при тоа на последиците.
Министерот за здравство Венко Филипче, посочи дека годинава сите вработени во здравството добиле зголемување на платите, затоа од следната година неможе пак сите да добијат исто, мора да има разлика.
„Обезбедивме надоместок за приватните специјализанти и за нивниот труд како и зголемување на сумата за дежурствата односно ноќниот труд. И сакам да потенцирам дека следната година ќе започнеме со зголемување на платите во јавното здравство“, рече министерот Филипче.
Буџетот на министерстото за здравство за догодина е предвиден да изнесува нешто над 102 милиони евра. Според планот на ресорниот министер, за 2019 е предвидено да се реконструираат неколку поголеми болници, но и да се изградат нови помали здравствени домови. За вакцини се предвидени пет милиони евра, а за набавка на инсулин десет милиони евра. Граѓаните ќе може мирно да спијат и во годината што следи ќе има договори во четири очи, на тој буџет министерот сигурно нема да остане рамнодушен. Зар не? – посочија подобро упатените во здравството во Македонија пратејќи ги инвестирањата и случувањата во овој сектор.