Во Германија летово се очекува да има олеснување на рестриктивните мерки, изјави експерт за вируси од Берлин. Кристијан Дростен, директор за вирусологија на универзитетската болница во Берлин, посочи дека за прв пат во јуни ќе се види ефектот на вакцинацијата.
Иако Дростен истакна дека колективниот имунитет ќе ја подобри состојбата наесен, сепак не треба да се паѓа под чувството на „целосна еуфорија“ прерано, но истотака предупреди и дека „болеста нема да исчезне наесен“.
Во однос на годишните одмори, отворање тераси во ресторани и скара со пријатели, тој објасни дека многу работи сега можат да се дозволат на отворено, но сепак посочи и дека невакцинираните лица ќе продолжат да се заразуваат и да се разболуваат, но нема да има повеќе неконтролирано ширење на вирусот.
Новиот бран на коронавирусни инфекции, кој ги мачи германските власти од ноември, се чини дека се намалува, со оглед на седумдневната стапка на инциденца, која се намалува веќе две недели. Според Институтот за контрола на болести Роберт Кох (РКИ), бројот на нови инфекции на 100.000 жители за седум дена бил 118,6 во неделата навечер на национално ниво, што е помалку од 146,5 претходната недела.