ИСТ ГЕЈТ МОЛ – ЦЕНТАР НА ШОПИНГ, ЗАБАВА И УЖИВАЊЕ

Скопје, 13 јануари 2022 — Со новата 2022ра, започна листањето на нови резолуции за новогодишни желби, шопинг листи и планови, а со почетокот на истата, започна и финалното одбројување до долгоочекуваното Европско Првенство во ракомет 2022 во Унгарија и Словачка (Men’s EHF EURO 2022).

Од 13ти до 17ти јануари 2022 година, на најголемиот ЛЕД екран пред Ист Гејт Мол во Скопје, секој фан и љубител на спортот и ракометот, ќе има единствена можност да навива за македонската репрезентација во еуфорична зимска и пријатна атмосфера.

Овие денови, покрај можноста за безбеден и комфорен шопинг и искусување на јануарските содржини на шопинг центарот низ пространите коридори на 5 нивоа, спортските фанови со своите семејства и пријатели, покрај уникатната глетка на најголемиот ЛЕД екран пред најголемиот мол од европски ранг во регионот, додека ги бодрат македонските ракометари, ќе уживаат и во специјални топли и вкусни закуски и многу други изненадувања, кои што ќе ја комплетираат спортско-зимската атмосфера пред Ист Гејт Мол.

Македонија е во Група А, каде нашите репрезентативци ќе си ги измерат силите со екипите на Данска, Словенија и Црна Гора, а нивниот прв натпревар, Словенија – Македонија, ќе се одигра денес, 13.01.2022 (четврток), со почеток во 18:00 часот. Најверните фанови ќе бидат подготвени да ги бодрат македонските репрезентативци како никогаш досега и да го покажат навивачкиот дух во спортската фан зона пред Ист Гејт Мол.

Вториот натпревар се очекува на 15.01.2022 (сабота), исто со почеток во 18:00 часот, а третиот на 17.01.2022 (понеделник) во 20:30 часот.

Првиот месец од годината е исполнет со богата програма за сите посетители во Ист Гејт Мол, каде што навивањето за македонските ракометари е само мал дел од активностите кои што претстојат.

Од 13. – 30.01.2022, сите спортски ентузијасти ќе имаат можност да се вклучат во „Дај гол и добиј попуст“, и да бидат дел од забавната активност како дел од зимските спортски активности во организација на Спорт Вижн и Интерспорт во Ист Гејт Мол, а во истиот период посетителите на најголемиот шопинг центар ќе уживаат и во програмата во живо на Спортско Радио.

На 22.01.2022 (сабота) претстои акустичен концерт во живо, „Звуците на Полифонија“, кога зимскиот шопинг во Ист Гејт Мол ќе биде разигран со магијата на музиката.

Најмладите палавковци и посетители, ќе имаат можност да уживаат со своите родители и семејства во „Викенд на бајките“, – претстава со најубавите бајки за деца од Театар за деца и младинци, која што ќе внесе нови светови и авантури во Ист Гејт Мол. Претставите ќе се оддржат на 22.01.2022 (сабота), како и на 30.01.2022 (недела).

За малите љубители на безбројните креации од коцки, од 28. – 30.01.2022, им се овозможува шанса за забава и покажување на натпреварувачкиот дух и креативност на претстојниот „ЛЕГО Натпревар“ со коцки.

А за јануарската атмосфера во Ист Гејт Мол да биде комплетна и исполнета со забава, се најавува и спектакуларен настап и музички перформанс на омилените „Дајте музика“.

Деталите за пријавување во ЛЕГО натпреварот, како и сите дополнителни информации за сите јануарски настани во Ист Гејт Мол, ќе бидат дополнително откриени во претстојните денови.

Во месец јануари Ист Гејт Мол е отворен за посетителите секој ден од 10 до 22 часот, а во недела продавниците се отворени до 20 часот, а рестораните и баровите до 22 часот.

Во месец јануари, почни со шопинг, забава и уживање. Почни со Ист Гејт Мол.

Ти си центар.