Летото е идеална можност да го искористите сезонското овошје за да ги исфрлите токсините. Оваа комбинација овозможува првиот утрински пијалок да биде здрав и вкусен.

Токсините од телото можете да ги отстраните на различни начини, но летото е вистинското време за тоа, бидејќи природните сокови се на дофат.

Рецептот за овој пијалак има само две состојки, но може да ви помогне да изгубите тежина, да ги исфрлите токсините или да го стимулирате дигестивниот тракт и метаболизмот.

Состојки за пијалак за детоксикација од лубеница:

2 големи парчиња лубеница
1 лимон

Подготовка:

Исечете ја лубеницата на парчиња за да ја ставите во соковник или блендер. Додадете сок од лимон и измешајте сè и напитокот е готов.

Лубеницата содржи големи количини Л-цитрулин, аминокиселина која во бубрезите се претвора во аминокиселина Л-аргинин – која го чисти телото од токсини и други отрови. Лубеницата е и добар извор на калиум, кој ја поддржува функцијата на бубрезите и е одлична помош за чистење на телото, но помага и во ослободувањето од несаканите килограми.

Лимонот го стимулира дигестивниот систем и го решава проблемот со запекот. Црниот дроб исто така многу сака лимони. Покрај тоа, лимонот го алкализира телото и помага да се врати рамнотежата на pH вредноста на телото.