Поради богатството од хранливи состојки, оваа волшебна бобинка има навистина широк спектар на делување.
Гоџи бобинките:
• го зајакнуваат имунолошкиот систем,
• го успоруваат процесот на стареењето,
• го спречуваат настанувањето на леукемија и други карциноми,
• спречуваат болести на срцето и крвните садови,
• ја регулираат функцијата на уринарниот тракт,
• даваат сила и енергија,
• имаат антибактериски и антивоспалителни својства,
• ја подобруваат плодноста кај жените,
• го подобруваат видот,
• ја подобруваат циркулацијата во целиот организам,
• штитат од појава на дијабет,
• ја зголемуваат еластичноста и влажноста на кожата,
• го подобруваат квалитетот на спермата.
Препорачаната дневна доза на гоџи бобинките е 10-30 грама дневно. Во кинеската медицина вообичаео се препорачува доза од 150 грама свежи бобинки дневно.
За жал кај нас нема да ги најдете свежи, бидејќи брзо се расипуваат. Затоа на пазарот постојат сушени бобинки или сок од гоџи бобинки.
Гоџи (Lycium barbarum и Lycium chinense) е растение од фамилијата Solanacea, грмушка која може да расте и до три метри во висина.
Цвета преку целото лето а во есен ги дава своите први плодови, за кои искусните градинари советуваат да не се берат со рака, туку да ги тресат од грмушката.
Goji Berry или Wolf Berry (Волчја бобинка) е плод на Lycium barbarum, припадник на семејството Solanaceae, кој ги вклучува и компирите, доматите, модар патлиџан, чили пиперка и.т.н
Расте на Хималаите каде веќе со векови се користи не само како храна, туку и како природен лек. Ја нарекуваат и „среќна бобинка“ или „црвен дијамант“.
Денес гоџи бобинките се одгледуваат во многу делови на светот и се најпопуларната суперхрана во светот. Се наоѓаат на првото место на американката скала – ORAC scale (Oxygen Radical Absorbance Capacity scale), која ги мери антиоксидантните својства на храната.
Гоџи бобинките се богати со антиоксиданси, амино киселини и есенцијални масни киселини.
Содржат екстремно високи нивоа на витамин Ц, железо и многу други хранливи материи.
Гоџи бобинките содржат:
• 18 амино киселини (од кои 8 се есенцијални),
• 21 минерали, вклучувајќи го антиканцерогениот германиум,
• Повеќе протеини отколку интегралната пченица (13%),
• Повеќе витамин Ц од портокалот,
• Комплекс на Б витамини неопходни за претварање на храната во енергија,
• Витамин Е (ретко се наоѓа во овошјето, главно во семките и житариците),
• Циперон, кој благотворно делува на срцето и крвниот притисок и ги ублажува менструалните симптоми,
• Солаветивоне, моќно антигабично и антибактериско соединение,
• Физалин, активна состојка која штити од леукемија и хепатитис Б,
• Бетаин, соединение кое црниот дроб го користи за продукција на холин, кое ја смирува нервозата, ја подобрува меморијата и штити од замастување на црн дроб. Бетаинот, исто така, го намалува ризикот од срцев удар и ја штити ДНК.
• Комплетен спектар на антиоксиданси – каротеноиди, вклучувајќи бета каротен (подобар извор од морков) и зеакснтин (ги штити очите). Ова ги прави гоји бобинките најбогат извор на бета-каротен од сите познати намирници.
• Бета-ситостерол, анти-воспалителни агенс. Бета-ситостеролот, исто така, се користи и за намалување на холестеролот во крвта, за лекување на импотенцијата и бенигно зголемената простата (БПХ).
• Есенцијални масни киселини, кои се потребни за да се одржи производството на хормони за правилно функционирање на мозокот и нервниот систем.
Во 2008 година гоџи бобинките беа прогласени за суперовошје во списанието Time, поради своето силно антиоксидативно својство.
Гоџи се препорачува при дијабетес, хипертензија, маларија, треска и карцином. Ја подобрува циркулацијата, ги ублажува вртоглавиците и претставува добар тоник за заматен вид и други проблеми со очите.
Се користи и за зајакнување на мускулите и коските, како тоник за срцето, црниот дроб и бубрезите. Исто така, го намалува претераното потење, жед, иритабилност, крвавење од носот итн.
Плодовите се јадат сирови, се сушат, а по вкусот потсетуваат на суво грозје. Од нив се приготвуваат чаеви и сокови, ликери и останати напитоци, а можат да се користат и како додаток на јадењата.
КАКО ДА СЕ НАСАДИ ГОЏИ?
1.Садење на гоџи од расад
Гоџи грмушката сака многу сонце, па најдобро е да ја посадите на место кое целиот ден е осветлено од сонце. Садењето се прави од 20.04. – па се до доцна есен. Ако се сади летно време, расадот треба почесто да се полева.
Најдобро е почвата да има рН од 6,5 и да не се сади до борови бидејќи создава кисело тло.
Се садат во јами со големина 40х40х40 см на растојание од 1 метар. На дното од јамата треба да се стави ѓубриво (дехидрирано арско ѓубриво), па да се врати ископаната земја и да остане со длабочина од 15-20 см, а под расадот да се стави супстрат (хумусна земја со поголема рН вредност).
Малку од супстратот треба да се стави и покрај расадот, а останатото да се затрупа со ископаната земја. Целата површина која сме ја ископале, треба добро да се полие со вода. Покрај билката може да се стави стап на кој ќе се прицврсти. Кога растението е младо мора редовно да се полева. Секоја есен и пролет билката мора да се ѓубри површински.
2.Совет за поткастрување
Во лето кога е светло, температурата и водата одговараат според неговите потреби за раст и развој, гоџи многу брзо расте. Кога не би го поткаструвале, гоџи стеблото би било грдо со лоша структура и облик, со намален принос.
Во покраината Ningxia во Кина (татковината на гоџи билката), гоџи стеблото традиционално се поткаструва во облик на чадор. Последниве години постојат два нови модели со подобрен род (со три нивоа и цилиндричен модел).
Поткаструвањето на гоџи бобинката е клучниот фактор во одгледувањето.
Еве некои совети:
-Поткастрување во првата година
1.Ја оставате најголемата и здрава млада гранка како главен столб. Отстранете ги сите странични под 50 см.
2.Кога ќе доспее 60 см висина, отстранете го вишокот од стебленцето за да го поттикнете растот на страничните гранки.
3.Секоја нова странична гранка која има агол од 45 степени од главното стебло, отстранете ја, а оставете само 3-4 вакви странични гранки.
4.Кога ќе пораснат страничните гранки до 30 см должина, а од врвот на главното стебленце, оставете го најголемото гранче за другата година.