Ѓорѓиевски: Функционерите на СДСМ се најголемиот кластер на корона вирус во Република Македонија

Орце Ѓорѓиевски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ во синоќешното гостување на тв екраните истакна дека СДСМ односно Сања Лукаревска и Мухамед Зекири се најголемиот кластер за корона вирусот затоа што…

Орце Ѓорѓиевски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ во синоќешното гостување на тв екраните истакна дека СДСМ односно Сања Лукаревска и Мухамед Зекири се најголемиот кластер за корона вирусот затоа што функционери од СДСМ делеа памфлети, хуманитарни пакети во услови на пандемија.

-Владините функционери и сите приврзаници на истите само го следат примерот на Зоран Заев. Масовниот поткуп кој што се вршеше не само во Струмица, во целата Република Македонија од една страна е нелегално затоа што е поткуп во услови кога се разговараше за избори, а од друга страна сериозно ги стави во ризик животите и здравјето на граѓаните во цела Република Македонија.

-И сега Зоран Заев свесен за последиците од сето тоа, свесен на што се ги изложи македонските граѓани со тие негови фикс идеи мора да бара виновник и нормално ние ќе бидеме криви, претседателот Мицкоски ќе биде крив, Наќе Чулев ќе биде крив, секој ќе им биде крив само да не признаат дека тоа е генерално нивна вина. Нивните приврзаници на семејствата, роднини пријатели само го следат примерот на Зоран Заев. Ние видовме Сања Лукаревска колку животи стави под знак прашалник со нејзиното делење на памфлети, хуманитарни пакети итн. Истото го видовме и со потпретседателот Мухамед Зекири. Тие се најголемиот кластер во моментов за корона вирусот во Република Македонија, половина партија им е во изолација, не е пола раководство на ВМРО-ДПМНЕ во изолација за да се обвини ВМРО-ДПМНЕ, истакна Ѓорѓиевски во своето гостување.

Тој додаде дека ВМРО-ДПМНЕ како политичка партија апелираше што е добро да се направи во врска со справување на пандемијата.


Related Articles