Грција воведува нова епидемиолошка мерка во вид на казна од 100 евра месечно

Властите во Грција најавија нова епидемиолошка мерка која се очекува да стапи на сила од недела. Станува збор за казна од 100 евра месечно која ќе им биде изречена на…

Властите во Грција најавија нова епидемиолошка мерка која се очекува да стапи на сила од недела. Станува збор за казна од 100 евра месечно која ќе им биде изречена на лицата постари од 60 години, а се невакцинирани. Ова за грчките новинари го изјави владиниот портпарол Јанис Економу.

Причината како што објасни тој е фактот дека девет од десет смртни случаи на коронавирус припаѓаат токму на таа возрасна група. Мерката според него е неопходна, бидејќи на одделенијата за интензивна нега, седум од десет пациенти кои се интубирани поради ковид компликации се постари од 60 години.

– Осум од десет лица се невакцинирани, посочува Економу.

Атина на крајот на ноември објави задолжителна вакцинација за лицата постари од 60 години.


Related Articles