Можеби нема да ви се верува, но хорор филмовите имаат многу позитивни ефекти врз нашето здравје. Барем така тврдат научниците. Сепак, постои „замка“. Бенефитите од хорор филмовите, зависат од тоа колку сте биле исплашени кога сте ги гледале.
Еве како можете да профитирате од гледањето на страшни филмови според научниците:
- Губење калории
Истражување спроведено во 2012 година во Велика Британија, покажа дека луѓето кои многу ќе се исплашат, при гледање на хорор филм, можат да загубат и до 184 калории. Како за компарација, 184 калории е бројка која може да се согори со 40-минутна прошетка.
- Имунитет
Хорор филмовите ќе имаат позитивно влијание и на вашиот имунитет. Кратко после гледање на страшен филм, се забрзува циркулацијата и расте крвниот притисок, а на тој начин се зголемува и способноста на организмот да се брани од непосакувани бактерии.
- Расположение
Гледањето хорор филмови го подобрува расположението, ако можеме да им веруваме на светските социолози. Луѓето се чувствуваат помалку анксиозно, помалку фрустрирано, а воедно и посреќно после гледање на ваков филмски жанр.
Но, за да ги почувствувате добрите страни од гледањето на хорори, морате да бидете исплашени додека ги гледате. Во случај да нема возбудување, нема да има ниту позитивни ефекти по здравјето.
Меѓутоа, да не заборавиме дека хорор филмовите можат да остават трајни последици и трауми кај децата.
Дури 26 отсто од студентите, кои учествуваа во истражување на еден универзитет во Мичиген, се изјаснија дека во детството доживеале траума гледајќи хорори, а тоа резултирало со трајна анксиозност.