Како што старееме, природно е когнитивните функции да се менуваат, но исхраната може да игра важна улога во поддршката на здравјето на мозокот на која било возраст.
Истражувањата покажаа дека одредени намирници кои се богати со хранливи материи можат да му помогнат на мозокот да го забави стареењето.
Неврохирургот д-р Брајан Хофлингер на TikTok сподели кои четири намирници им ги препорачува на своите пациенти за подобрување на здравјето на мозокот.
Тој советува во исхраната да се внесат спанаќ, кељ и брокула бидејќи, како што тврди, тие се извори на витамин К и фолати. Покрај тоа, рибите како лососот, пастрмката, сардината и скушата се меѓу најдобрите намирници за здравјето на мозокот поради високите нивоа на омега-3 масни киселини.
Јаткастите плодови содржат здрави масти кои се неопходни за здравјето на мозокот. Оревите се богати со алфа-линоленска киселина, растителни омега-3 масни киселини кои ја поддржуваат структурата на мозочните клетки и го намалуваат воспалението. Ф’стаците се исто така одличен извор на протеини и здрави масти.
Бобинки содржат антиоксиданси кои помагаат во борбата против оксидативниот стрес и воспалението. Оксидативниот стрес може да предизвика оштетување на мозочните клетки, а антиоксидансите во бобинките ги штитат клетките, особено во делови од мозокот поврзани со меморијата и учењето. Бобинките се корисни и за подобрување на меморијата.