Цинкот е минерал што спречува појава на алергии, ја намалува депресијата, стимулира раст, забрзува зараснување на рани, има антивирусно и антибактериско дејство, а една од главните функции му е зајакнување на имунитетот.
Доколку имате некои од овие симптоми, значи се соочувате со недостиг од цинк: проблеми со желудникот, импотенција, паѓање на коса, ослабна имунолошки систем, сува кожа и слично.
На оваа листа се наоѓаат намирници што се богати со цинк и со нивна редовна употреба ќе ги надоместите сите потреби од овој минерал во телото:
Говедско месо – од едно просечно парче говедско месо се добиваат околу пет милиграми цинк.