Според Хрватското Министерство за здравство, во последниве 24 часа се регистрирани 369 новозаразени со Ковид-19 што претставува најголем број досега. Бројот на активни случаи во овој момент изнесува 2 634, а три лица се починати.
На болничко лекување се 269 пациенти, од кои 16 се на респираторна машина.
Од 25 февруари, кога е регистриран првиот случај на коронавирус во Хрватска досега вкупно се заразени 11 094 лица, 194 починале, а 8 266 оздравеле.
Тестирани се вкупно 179 838 лица, од кои 4 492 во последните 24 часа.