Уште не знаеме колку трае имунитетот по вакцинирањето против Ковид-19, но сигурно знаеме дека оние кои биле заразени се заштитени, имуни меѓу девет и 10 месеци, изјави познатиот италијански виролог Андреа Крисанти. Според него, оваа информација е добиена во истражувањето спроведено меѓу жителите на општината во регионот Венето, каде што на 21 март минатата година беше идентификуван првиот случај на инфекција со Ковид-19 во Италија.
Професорот Крисанти вели дека откриле дека луѓето кои се заразиле во првиот бран на пандемијата, а потоа стапиле во контакт со заразени лица кои се разболеле во вториот бран, не само што не се заразиле, туку било откриено дека имаат развиено уште повеќе антитела.
Професорот Андреа Крисанти стана познат по својата анти-ковид стратегија, која беше применета во Венето. Тој предложи, и така беше направено, да се изврши масовно тестирање на популацијата и да не се чека да се појават првите симптоми на заразата.
Благодарение на ова, како што пренесуваат италијанските медиуми, Венето имаше релативно мал број заразени и починати во првиот бран на пандемијата во споредба со другите региони во Италија.