Четириесет и осумгодишниот Н.А.(48) од скопското село Студеничани вчера попладне бил нападнат во автобус со број 67 од контролор на ЈСП „Скопје”, З.Г.(54) од село Орешани, Скопско.
Како што соопшти МВР, Н.А. случајот синоќа во 20:30 часот го пријавил во Полициската станица Кисела Вода.
Нападот се случил во 17:30 часот во автобусот, додека сообраќал на булеварот „Борис Трајковски”. Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот.