Сите знаеме колку е важна исхраната, бидејќи освен што влијае на целокупното здравје, влијае и на расположението.
Факт е дека од пандемијата, менталното здравје стана топ тема, а кога станува збор за менталното здравје и храната, се поголем број луѓе стануваат свесни дека храната што ја јадеме може сериозно да влијае на нашето расположение, пренесува Eat This.
Истражувањето чии резултати беа објавени во „The British Medical Journal“ покажуваат дека исхраната игра водечка улога во тоа како се чувствуваат нашето тело и мозок. Имено, лошата исхрана може да доведе до депресија, анксиозност, па дури и агресија, меѓутоа, подобрувањето на исхраната и конзумирањето одредени намирници може да помогне во менталното здравје.
Рејчел Енгелхарт, регистриран диететичар и сертифициран интуитивен советник за исхрана, вели дека одредена храна може да ги поддржи процесите во телото кои се одговорни за позитивното расположение и одржување на енергијата.
Таа тврди дека најдобра храна за добро расположение се масните риби, јогуртот, бананите, урдата, јаткастите плодови, семките и школките.